| 1-2.04.2011, Скопје |
Конференција: Стратегии на заштита - Критичко унапредување на наследството - Јавниите простори |
| |
Како да се протолкува и да се промовира културното значење на модерната архитектура, која често се запоставува и се остава да пропаѓа? Како да се ре-програмираат површините и објектите чија функција е променета или повеќе не ги исполнува стандардите? Како да се бранат големите отворените јавни простори и зелени површини загрозени од урбаните метежи?
Оваа конференција има за цел критички да ги анализира и согледа квалитетите на постојните простори и структури и да истражи можности за креативни пристапи за нивно зачувување и ревитализација во поглед на културните вредности и одржливоста. Посебно внимание ќе биде посветено на современите концепти за јавен простор. |
 |
| 02-08.04.2011, Скопје |
Изложба: Борбините награди за архитектура: Пан-југословенски дискурс - помеѓу регионалните идентитети |
| |
Изложбата ќе ги прикаже и ќе ги анализира победниците на единствената федерална награда за архитектура во социјалистичка Југославија, која беше доделувана од страна на дневниот весник Борба. Оваа престижна награда беше главниот официјален репер за оценка на квалитетот на архитектурата во поранешна Југославија, но, исто така, преку неа се рефлектираше и се промовираше концептот на "братство и единство" и формирањето на еден пан-југословенски идентит. Изложбата ќе биде извонредна можност да се види како архитектонските вредности на социјалистичкото општество се ценат од перспектива на денешните, радикално изменети услови. |
 |
| 25.01.2011 |
Ревитализација на градските плоштади во Балканските градови |
| |
Најава за официјален почеток на проектот
Проектот Ревитализација на градските плоштади во Балканските градови, е регионален проект за соработка, во реализација на Ко-план, Институтот за развој и Хабитат и Универзитетот Полис од Тирана, Албанија; Експедитио - Центар за одржлив просторен развој од Котор, Црна Гора и Коалицијата за одржлив развој - КОР, од Скопје, Македонија. Цел на проектот е да придонесе за заживување на градските плоштади како јавни простори кои го артикулираат културниот идентитет, и промовирање на различностите преку спроведување на јавните политики и активно учество на заедницата. Иницијативата има две специфични цели: да поттикне национален и регионалнен дискурс околу политиките како градските плоштади може да се трансформираат во живи јавни места (всушност, размената на знаење и искуства е првиот чекор кон воведување на нови идеи и приоди како јавните површини да се трансформираат во живи места кои ќе служат за потребите на заедницата) и да се обезбеди практична поддршка на локалните власти да преземат конкретни активности за трансформација на градските плоштади. Активностите предвидени со овој проект се планирани со цел да создададат општа рамка која ги опфаќа елементите на систематски пристап: истражување кое обезбедува основа за остварливи решенија базирани на креативни енергии и аспирации на заедницата и зајакнато меѓу-секторско и прекугранично поврзувањета, кое ќе обезбеди видливост и промовирање на заеднички поставени применливи начини за спроведување .
Поддржан од: Швајцарската културна програма за Западен Балкан (SCP), |
 |
|