новости / мисија / структура / проекти / галерија / публикации / контакт

За нас Коалицијата за одржлив развој – КОР, од Скопје, официјално регистрирана на 2 август, 2007, е доброволно, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Го формиравме почитувајќи го принципот дека здруженијата се темелат врз концептот „група”. Но, секоја група е составена од поединци. Капацитетот на групата го чинат посветените поедици и искуството што го поседуваат – клучни чинители за промовирање и успешно остварување на целите и заложбите на здруженијата. Одтаму, капацитетот на Коалицијата се темели врз заеднички поставените вредности и искуствата и посветеноста на членовите за остварување на зацртаните цели. Нашите членови и поддржувачи се од различни профили и со завидно професионално искуство во повеќе области, стекнато низ долгогодишна работа, поради што претставуваме микро модел за позитивни вредности и потенцијали што ги нудат различностите.
Мисија на организацијата

Промовирање, поттикнување и реализирање на иницијативи и активности кои ќе придонесат кон обезбедување одржлив развој во Република Македонија, преку взаемна и координирана работа на граѓанскиот сектор со националната и локалната власт Посебно вниемание е посветено на вклучувањето на повеќе разни чинители и нивна едукација за основните принципи за одржлив развој и креирање средина по мерка на човекот и за добробит на заедницата. Сферите на делување на Здружението опфаќаат повеќе аспекти од општественото живеење во доменот на заштитата на животната средина економскиот развој, социјалната еднаквост, и културата, како четврти столб на одржливиот развој

Пристап

Според својата дефиниција, одржливиот развој треба да ги задоволи потребите на сегашните генерации, без притоа да им го ускрати истото право на новите поколенија што доаѓаат. Нашата заденица, нашиот економски и културен и развој, нашата животна средина се меѓусебно тесно поврзани. Оптималниот сооднос меѓу овие четири аспекти некои го нарекуваат и „одржлив четриаголник”. КОР е посветен да работи на вклучување на сите општествени чинители - засегнати страни во насока кон постигнување на одржлив развој. Одличен, но неспроведен план не е нашата цел!. Од таму промената во однесувањето има централно место во градењето на одржливи заедници, бидејќи одлуките кои што имаат влијание врз општеството, на економскиот и социјалниот развој, на животната околина, за културните политики - сепак ги ностат поединци! 
Иако прашањата за одржлив развој се се уште во својата еволутивна фаза, сите ние имаме подеднаква одговорност да придонесеме во нивно остварување, за тие да станат дел од културата на нашето живеење и секојдневие